Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2012

Валенсија без тренер во наредните две кола на Примера лигата

Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз го суспендира Маурисио Пелегрино, тренерот на прволигашот Валенсија, поради инцидент во последното коло на Примера лигата, во средбата против Атлетико Мадрид.

Тренерот на „лилјаците“ е казнет со два натпревари следење на својата екипа од трибините поради непристојно однесување за време на натпреварот против Атлетико, во кој Валенсија славеше со 2-0. Пелегрино по една судиска одлука, која не ѝ одеше во прилог на неговата екипа, одлучи да протестира на тој начин што фрли шише со вода на теренот.
Валенсија без Пелегрино ќе биде во средбите против Валјадолид и Еспањол во 11-тото, односно 12-тото коло на Примера лигата.

Најнови вести