Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2013

Реал Мадрид без неколку стандардни првотимци против Ла Коруња

Денес Реал Мадрид гостува кај последно пласираната екипа во шпанската Примера дивизион, Ла Коруња, а во составот ќе нема неколку стандардни првотимци.

Тренерот Жозе Мурињо за натпреварот против фенерџијата нема да може да смета на суспендираниот Серхио Рамос, а поради повреда нема да можат да настапат Карим Бензема и Чаби Алонсо. Од претходно надвор од погон поради фрактура на раката е и првиот голман на клубот, Икер Касилјас.
Во составот ќе се врати хрватскиот интернационалец Лука Модриќ кој го пропушти дуелот со Рајо Валјекано во минатото коло поради акумулирани жолти картони.
И покрај изостанувањето на овие важни фудбалери, Реал Мадрид не би требало да има поголеми проблеми на „Риазор“, особено што Ла Коруња има порази на последните пет прволигашки натпревари.

Најнови вести