Корисничко име Лозинка Пријави се
04.4.2013

Ѓукиќ од летово во Валенсија

Српскиот фудбалски тренер Мирослав Ѓукиќ од наредната сезона ќе го преземе шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија, пренесуваат српските медиуми.

Ѓукиќ моментно со голем успех го предводи Валјадолид и се наоѓа многу блиску до опстанок во Примера лигата.
Според „Б92“, некогашниот селектор на Србија и тренер на Партизан има устен договор со спортскиот директор на „лилјаците“, кој ќе стане валиден кога на шпанскиот клуб ќе му биде одобрен бараниот кредит.
Ѓукиќ во Валенсија ќе се врати по десет години, бидејќи во периодот од 1997 до 2003 со голем успех играше за клубот од „Месталја“.

Најнови вести