Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2013

Мартинез замена за Ѓукиќ на клупата на Валјадолид

Фудбалскиот клуб Валјадолид го именуваше Хуан Игнасио Мартинез за нов шеф на стручниот штаб.

Мартинез на таа должност ќе го замени Мирослав Ѓукиќ, кој ја презеде екипата на Валенсија.
Со 48-годишниот Мартинез, досегашниот тренер на Леванте, потпишан е договор на две години, со опција соработката да може да биде продолжена.
Валјадолид, кој сезоната ја заврши на 14-тото место во Примера лигата, новиот тренер официјално ќе го претстави на медиумите денес.
Челниците на Леванте не сакаа да го продолжат договорот со Мартинез бидејќи беа незадоволни со 11-тото место во Примера лигата, па го ангажираа поранешниот тренер на Севилја, Ла Коруња и Атлетик Билбао, Хоакин Капарос.

Најнови вести