Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2013

Салаи од Мајнц прејде во Шалке

Бундеслигашот Шалке потврди дека потпиша четиригодишен договор со досегашниот напаѓач на Мајнц, 25-годишниот Адам Салаи.

Унгарецот утрово ги направи вообичаените лекарски прегледи во новиот клуб, а попладне би требало да го одработи и првиот тренинг со новите соиграчи.
Според пишувањата на германските медиуми, Мајнц ќе инкасира околу седум милиони евра оштета.
Салаи во Мајнц дојде во јануари 2010 година од втората екипа на Реал Мадрид. Во минатата сезона во 29 бундеслигашки настапи постигна 13 погодоци, со што го привлече вниманието на Шалке, кој сака да ја засили конкуренцијата во нападот.
За унгарската репрезентација Салаи досега одигра 16 натпревари и постигна седум погодоци.

Најнови вести