Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2013

Коне од Виган прејде во Евертон

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Аруна Коне, кој минатото првенство со Виган испадна во втората англиска лига, следната сезона ќе настапува во дресот на Евертон.

Клубот од Ливерпул потврди дека со дваесет и деветгодишниот Коне е договорена тригодишна соработка, а засега не е познато колкава оштета ќе платат „карамелите“ на неговиот поранешен клуб Виган.
Во Евертон Коне ќе му се приклучи на поранешниот менаџер на Виган, Роберто Мартинез, кој на клупата го наследи Дејвид Мојс.
Минатата сезона Коне за Виган постигна 13 голови, а Евертон ќе му биде деветти различен клуб во кариерата по Рио Спорт, Лирс, Рода, ПСВ, Севилја, Хановер, Леванте и Виган.

Најнови вести