Корисничко име Лозинка Пријави се
10.7.2013

Евертон продолжува со засилувањата - дојдоа Роблес и Алкараз

Новиот менаџер на Евертон, Роберто Мартинез, продолжува со доведување на фудбалери од поранешниот клуб, па по напаѓачот Аруна Коне, на „Гудисон парк“ се преселија голманот Жоел Роблес и одбранбениот фудбалер Антолин Алкараз.

Триесетгодишниот Парагваец потпишал двегодишен договор, а во Евертон доаѓа како слободен фудбалер откако му истече договорот со Виган.
Дваесет и тригодишниот Роблес дојде од Атлетико Мадрид, а минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во Виган.
Роблес беше дел од шпанската младинска репрезентација која го освои Европското првенство за фудбалери до 21 година минатиот месец во Израел, а за „карамелите“ потпишал петгодишен договор.

Најнови вести