Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2013

Наполи создава одлична екипа, најавено и доаѓање на Џексон Мартинез

Според пишувањата на италијанските медиуми, се спрема ново големо засилување во Наполи. Во прашање е 26-годишниот Колумбиец Џексон Мартинез, напаѓач на Порто.

Наводно, Наполи и одличниот фудбалер веќе се договориле околу условите. Мартинез е спремен да потпише петгодишен договор, според кој годишно во италијанскиот клуб од југот би заработувал основна плата од околу милион и пол евра.
За да се комплетира работата, треба уште да се договорат двата клуба. Порто наводно бара 40 милиони евра, колку што стои во договорот направен со Мартинез, но е спремен да се спушти и до 35 милиони. Наполи засега ја зголеми својата понуда до 32 милиони евра.
Но, италијанските медиуми шпекулираат дека нема да дојде до компликација на договорот и дека овие денови и Мартинез ќе стане нов играч на Наполи. Минатата сезона овој напаѓач убедливо беше прв стрелец на португалското првенство. Постигна 26 погодоци на 30 натпревари.

Најнови вести