Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2013

Наполи ги договори личните услови со Мартинез

Според пишувањата на италијанските медиуми, Наполи ги договори личните услови на соработка со колумбискиот напаѓач на Порто, 26-годишниот Џексон Мартинез, иако португалскиот фудбалски шампион и понатаму ја одбива можноста за продажба.

„Постигнат е договор со играчот. Меѓутоа, недостасува договор со Порто бидејќи тој не сака да го продаде“, изјави Мануел Манцо, менаџерот на Мартинез.
„Единствена шанса да се реализира трансферот, според мое мислење, е Наполи да плати 40 милиони евра, колку што изнесува клаузулата за оштета во неговиот договор. Во спротивно тој нема да отиде во италијанскиот клуб“, додаде агентот.
Откако му плати 37 милиони евра на Реал Мадрид за трансферот на Гонзало Игуаин, Наполи, наводно, му понудил 32 милиони евра на Порто за трансфер на Мартинез, а на самиот играч петгодишен договор со годишна плата од два милиони евра.
Маритнез минатата сезона, која му беше премиерна во Порто, беше најдобар стрелец на португалското првенство со 26 голови во 30 настапи.

Најнови вести