Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2013

Лацио без „ултрасите“ против Удинезе

Од Калчо лигата потврдија дека Лацио е казнет со затворање на северната трибина на римскиот „Олимпико“ за неговиот премиерен натпревар на сезоната во италијанското фудбалско првенство, следната недела против Удинезе.

Причина е расистичкото навредување на навивачите на Лацио кон играчите на Јувентус во текот на неделниот натпревар од италијанскиот Суперкуп на „Олимпико“, во кој составот од Торино победи со 4-0.
Цел на навивачите на Лацио беа црномурните играчи на Јувентус, Пол Погба, Анџело Огбона и Квадво Асамоа.
Исто така, и Јувентус и Лацио се казнети со дополнителни 5.000 евра бидејќи навивачите на двете екипи во текот на средбата на теренот фрлаа запалки и факли.
Северната трибина на „Олимпико“ инаку е собиралиште на најжестоките поддржувачи на Лацио.

Најнови вести