Корисничко име Лозинка Пријави се
21.7.2011

Ван дер Варт: Ако си оди Модриќ, заминувам и јас!

Играчот на Тотенхем Рафаел ван дер Варт изјави пред новинарите дека ќе си замине од клубот, ако во преодниот рок тимот го напушти Лука Модриќ.

Репрезентативецот на Холандија очигледно има високо мислење за Лука Модриќ за кого постојано вели дека е најдобар играч на Тотенхем.

 „Без Модриќ немаме што да бараме во првенството. Ако Лука замине од клубот, си одам и јас“, рече Рафаел.

 „Раководството на „Спарсите“ мора да стори сè за да ги задржи клучните играчи, а пред сè Лука. За следната сезона мораат да донесат барем две големи засилувања, доколку сакаат тимот да се бори за титулата“ – додаде Холанѓанецот, кој претходната година пристигна на „Вајт харт лејн“ од Реал Мадрид.

Најнови вести