Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2011

Аргентина повторно без селектор

По катастрофално лошиот настап на јужноамериканското првенство, на кое беа домаќини, челниците на Аргентинскиот фудбалски сојуз одлучија да му дадат отказ на својот досегашен селектор Серхио Батиста.

Батиста се сретна со лидерите на Сојузот и беше одлучено да се раскине соработката почната по минатогодишното Светско првенство.

Поради ова Аргентинскиот сојуз го откажа и претходно договорениот пријателски натпревар против Романија.

Фаворити за нов селектор на една од најсилните светски репрезентации се: поранешниот тренер на Естудијантес Алехандро Забела, селекторот на Парагвај Херардо Мартино и Карлос Бјанки - поранешен тренер на Бока јуниорс и на Атлетико Мадрид.

Најнови вести