Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2013

Јувентус следното лето тргнува по Алонсо, Видиќ и Менез

Италијанскиот шампион Јувентус наредното лето ќе продолжи со традицијата на ангажирање играчи без оштета, а цел на „старата дама“ се: Чаби Алонсо од Реал Мадрид, Немања Видиќ од Манчестер јунајтед и Жереми Менез од ПСЖ.

Како што наведуваат италијанските медиуми, спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота, кој по тој принцип ги ангажира Андреа Пирло од Милан, Пол Погба од Јунајтед и Фернандо Љоренте од Атлетик Билбао, смета дека со тројцата искусни асови „старата дама“ може да ја нападне Лигата на шампионите.
За доведување на Алонсо можно е да биде направена трампа за Пирло, имајќи ја предвид желбата на Карло Анчелоти да го ангажира некогашниот играч од Милан, додека најмалку проблеми би требало да има со Менез, кој не е стандарден во ПСЖ.
Кога е во прашање Видиќ, англиските медиуми тврдат дека управата на Јунајтед нема да му понуди нов договор на актуелниот капитен, ниту на Рио Фердинанд, Патрис Евра и Рајан Гигс, а Јувентус ќе се обиде да го искористи фактот дека менаџер на српскиот фудбалер е Италијанецот Силвано Мартина.

Најнови вести