Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2013

Берг нов тренер на Легија

Хенинг Берг, некогашниот норвешки фудбалски репрезентативец и одбранбен играч на Манчестер јунајтед, е нов тренер на полскиот прволигаш Легија од Варшава.

За 44-годишниот Берг тоа ќе биде прва тренерска работа откако е сменет од клупата на Блекбурн во декември 2012 година само по 57 дена.
Берг официјално работата во Легија ќе ја преземе на први јануари следната година, а тоа ќе му биде четврти различен клуб во тренерската кариера, по Лин, Лилестром и Блекбурн.
Како играч Берг за Манчестер јунајтед играше меѓу 1997 и 2000 година, а за норвешката репрезентација вкупно одигра сто натпревари.