Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2013

Повторно смена на клупата на Блекбурн, Еплтон издржа 67 дена

Мајкл Еплтон помина 67 дена во англискиот второлигаш Блекбурн, односно цели десет дена повеќе од претходниот тренер, Хенинг Берг.

Управата на Блекбурн, поточно компанијата „Венкис“, го смени и Мајк Еплтон, третиот тренер оваа сезона (не сметајќи ги привремените решенија).
Тој на клупата издржа 67 дена, за десет дена повеќе од неговиот претходник Хенинг Берг.
Еплтон екипата ја водеше на 15 натпревари, оствари четири победи, пет нерешени средби и шест порази, а Блекбурн моментно се наоѓа на 18-тото место на табелата на Шампионат лигата, со четири бодови над зоната за испаѓање.

Најнови вести