Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2013

Тотенхем го прати Бентли на заем во Блекбурн

Крилниот фудбалер на Тотенхем и поранешен англиски репрезентативец, Дејвид Бентли, до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во второлигашот Блекбурн.

Дваесет и осумгодишниот Бентли во Тотенхем дојде во 2008 година токму од Блекбурн за високи 22 милиони евра отштета. Не се снајде најдобро во Лондон па минатите сезони беше позајмуван на Бирмингем, Вест Хем и рускиот Ростов.
Бентли на второто враќање во Блекбурн може да дебитира денеска во петтото коло од ФА купот против Арсенал, каде и ја почна својата кариера.
Покрај Бентли, Блекбурн како позајмен фудбалер до крајот на сезоната го доведе и осумнаесетгодишниот холандски одбранбен фудбалер од Манчестер сити, Карим Рекик.

Најнови вести