Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2015

Роџерс: Шкртел можеше да продолжи

Брендан Роџерс, менаџерот на Ливерпул, изјави дека Мартин Шкртел е добар по незгодната повреда.

Словачкиот стопер падна директно на рамото по дуелот со еден играч на Блекбурн на отворањето на натпреварот од четврт-финалето на ФА купот.
„Со него сè е во ред. Можеше да игра и понатаму, но моравме да го послушаме лекарскиот тим и стручњаците. Падна незгодно, а тоа знае да биде опасно, но ќе ги почекаме деталните наоди на лекарите“, изјави Роџерс.
Ливерпул не успеа да го совлада Блекбурн, резултатот беше 0-0, па полуфиналистот ќе биде познат по реваншот на „Ивуд парк“.
„Наша цел во овие седум дена беше да освоиме четири од шесте бодови во Премиер лигата и да се пласираме во полуфиналето на ФА купот. Ги освоивме сите шест бодови, а иако не се пласиравме во следната фаза на Купот, и понатаму сме во игра“, изјави Роџерс.
Првите три натпревари од четврт-финалето на ФА купот донесоа само два гола, во победата на Астон вила над Вест Бромич албион, додека без голови ремизираа уште Ридинг и Бредфорд, а вечерва играат Манчестер јунајтед и Арсенал.

Најнови вести