Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2012

Јакубу го засили Гуангжу

Водечката екипа во кинеското првенство, Гуангжу Евергранд, доведе големо засилување во своите редови, нигерискиот интернационалец Јакубу Ајегбени од Блекбурн.

Откако во своите редови го доведе Аргентинецот Конку и го ангажираше Марчело Липи за тренер, па го засили нападот со Лукас Бариос, Гуангжу на крајот направи уште еден звучен трансфер и го донесе Нигериецот Јакубу.
Сега веќе поранешниот фудбалер на Блекбурн, кој минатата сезона го загуби прволигашкиот статус, дваесет и деветгодишниот Јакубу потпиша договор на три години, а за секоја сезона ќе инкасира 7,4 милиони евра.
Минатата сезона на 30 настапи во Премиер лигата Нигериецот постигна 17 голови, а највпечатлив беше против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ кога постигна два гола во сензационалната победа на Блекбурн со 3-2.

Најнови вести