Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2012

Блекбурн го отпушти Берг само по десет натпревари и 57 денови

Англискиот фудбалски клуб Блекбурн по втор пат во тековната сезона е во потрага за шеф на стручниот штаб.

Хенинг Берг, тренерот на Блекбурн, е отпуштен само по 57 денови на клупата на овој клуб. Норвежанецот на 31-ви октомври го замени Стив Кин на функцијата шеф на стручниот штаб на клубот од „Ивуд парк“, но екипата ја водеше само на десет натпревари.
Во тој период немаше никакво изненадување, со оглед на тоа дека Блекбурн имаше учинок само од една победа.
Капката која ја прели чашата беше вчерашниот пораз на Блекбурн на гостувањето кај Мидлсборо (0-1), кој беше петти на последните шест натпревари.
Клубот кој моментно го зазема 17-тото место на табелата во Шампионат лигата ја раскина соработката и со помошниците Ерик Блек, Јан Бранскил и Боби Мимс, а наскоро се очекува да биде именуван нов стручен штаб.

Најнови вести