Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2012

Берг нов менаџер на Блекбурн

Хенинг Берг, некогашниот репрезентативец на Норвешка, постигна договор со управата на Блекбурн да ја преземе функцијата менаџер во наредните три години, вчера потврди клубот на својата интернет-страница.

Берг, кој беше член на шампионскиот тим на Блекбурн во 1995 година, а потоа оствари забележителна кариера во Манчестер јунајтед, на клупата на англискиот второлигаш ќе го замени Стив Кин, кој уште на 28-ми септември поднесе оставка.
Изминатите денови како кандидати за менаџер на Блекбурн се споменуваа Хари Реднап и Диего Марадона, но изборот сепак падна на 43-годишниот Норвежанец, кој одлично ја познава ситуацијата во клубот.
Тој одигра повеќе од 300 натпревари за клубот, во два мандати, со оглед на тоа дека во 2000 година, по успешната епизода во Јунајтед, се врати на „Ивуд парк“ и беше капитен на тимот кој го освои Лига купот во 2002 година.
Кариерата ја заврши во Глазгов ренџерс во 2004 година.
За репрезентацијата на Норвешка одигра точно 100 натпревари.

Најнови вести