Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2013

Уапсен играч на Блекбурн под сомнение за местење натпревари

Ди Џеј Кембел, играч на Блекбурн, е еден од шесттемина уапсени под сомнение дека учествувале во местење натпревари, денес пренесоа британските медиуми.

Како што пренесува Би-би-си, Кембел вчера е уапсен во рамките на истрагата по повод местењето натпревари во Шампионат лигата. Имињата на петтемина уапсени не се соопштени.
Апсењата се направени откако Сем Соѓе, поранешен фудбалер на Портсмут, на новинар на „Сан“ на тајна задача му рекол дека може да договори играчите да добијат жолти или црвени картони во текот на натпреварот за пари.
Фудбалскиот клуб Портсмут во соопштението наведе дека челниците на клубот се шокирани.
Триесет и двегодишниот Кембел во Премиер лигата играше за Бирмингам, Блекпул и Квинс парк ренџерс.
„Фудбалскиот клуб Блекбурн потврдува дека Ди Џеј Кембел е уапсен. Клубот во врска со овој случај, кој сега е правна работа, нема да дава изјави“, се наведува во соопштението на Блекбурн.

Најнови вести