Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2012

Ојер на крајот на сезоната ја завршува кариерата

Андре Ојер, дефанзивниот играч на Ајакс и поранешен репрезентативец на Холандија, објави дека на крајот од тековната сезона ќе ги обеси копачките.

„Последните неколку месеци ми стана јасно дека едноставно нема да имам сила уште за една сезона. Се надевам дека во оваа ќе успеам да стигнам до титулата, а тоа би бил совршен крај“, напиша Ојер на официјалната интернет-страницата на Ајакс.
Триесет и седумгодишниот одбранбен фудбалер за холандската репрезентација одигра педесет и пет натпревари, а во листата на стрелците се запиша на три од нив.
Освен на Ајакс, каде што ја почна кариерата, ги бранеше боите и на Волендам, Рода, ПСВ и Блекбурн.

Најнови вести