Корисничко име Лозинка Пријави се
01.10.2012

Стив Кин го напушти Блекбурн, Ширер негов можен наследник

Стив Кин, менаџерот на Блекбурн, поднесе оставка на местото шеф на стручниот штаб во овој клуб. Англиските медиуми шпекулираат дека Алан Ширер, поранешниот напаѓач на Њукасл и на Блекбурн ќе го преземе клубот.

„Со длабоко жалење ве известувам дека морав да одам од Блекбурн. Причината за разделбата со клубот не можам да ја изнесам во јавноста. Во последно време мојата позиција во клубот не беше таква за да можам успешно да ја вршам работата“, рече Кин.
Кин на клупата на Блекбурн седна во декември 2010 година, а минатата сезона испадна од Премиер лигата.
Блекбурн моментно го зазема третото место во Шампионат лигата со два бодови помалку од лидерот Брајтон.
Англиските медиуми пренесуваат дека најголем фаворит за менаџерското место е Ален Ширер, легендата на Њукасл и поранешниот напаѓач на Блекбурн со кого овој клуб ја освои својата последна премиерлигашка титула.
Во игра е тренерот на младинските категории на Тотенхем, Тим Шервуд, за кој индиските сопственици на Блекбурн пратиле формална понуда.

Најнови вести