Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2013

Тим Шервуд привремено го презема Тотенхем

Тим Шервуд, поранешниот фудбалер за врска на фудбалскиот клуб Тотенхем, ќе ја преземе улогата привремен тренер на фудбалерите на лондонскиот клуб додека претседателот Даниел Леви не пронајде постојана замена.

Шервуд во улогата тренер ќе седи утревечер на клупата на Тотенхем, кого го очекува средба во Лига купот против Вест хем. Причина за тоа е отказот кој вчера го доби португалскиот фудбалски стручњак Андре Вилаш-Боаш, по тешкиот пораз од 5-0 од Ливерпул на „Вајт харт лејн“.
Фабио Капело, Глен Ходл и Маурисио Покетино се кандидати за наследник на Вилаш-Боаш, но според пишувањата на англиските медиуми, и Шервуд ќе добие шанса да покаже што може во идните неколку натпревари.
„Клубот објавува дека Тим Шервуд, покрај Крис Ремзи и Лес Фердинанд, ќе го преземе водењето на првата екипа, додека клубот преговара со потенцијалните кандидати“, стои на официјалната интернет-страница на клубот од Лондон.

Најнови вести