Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2014

Шервуд си заминува од Тотенхем налето

Тим Шервуд, менаџерот на Тотенхем, поради лошите резултати на клубот, налето ќе биде заменет, и покрај тоа што во декември минатата година потпиша договор на 18 месеци, тврди Скај спортс.

Шервуд во декември ја презеде клупата на Тотенхем од Португалецот Андре Вилаш-Боаш.
Тотенхем не ги отфрли наводите на Скај спортс дека 45-годишниот Шервуд налето ќе биде отпуштен.
Се шпекулира дека холандскиот тренер Луис ван Хал ќе го преземе Тотенхем по завршувањето на Мундијалот во Бразил, кога ќе ја заврши должноста на местото селектор на Холандија.
Тотенхем не успеа да го оживее тимот по продажбата на својата најголема ѕвезда Герет Бејл во Реал Мадрид.
Управата на тимот од „Вајт харт лејн“ потроши речиси 100 милиони фунти за да доведе врвни играчи, како што се: шпанскиот напаѓач Роберто Солдадо, бразилскиот фудбалер за врска Паулињо и аргентинскиот млад играч Ерик Ламела, но тимот никако да проработи на врвно ниво.


Најнови вести