Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2014

Шервуд веќе не е менаџер на Тотенхем

Управата на Тотенхем соопшти дека Тим Шервуд веќе не е менаџер на тој премиерлигашки клуб. Даниел Леви, претседателот на Тотенхем, изјави дека клубот го испочитувал договорот, според кој, соработката со Шервуд може да биде раскината на крајот на сезоната.

„Го поставивме Тим на местото менаџер на половина од сезоната како некој кој добро ги познава клубот и играчите. Се согласивме дека 18-месечниот договор може да биде раскинат на крајот на сезоната, и сега го испочитувавме тоа“, изјави Леви.
Тој му се заблагодари на Шервуд за големиот придонес и напор што го вложил.
„Во името на тимот, би сакал да му се заблагодарам на Тим за сите напори што ги вложи сите овие години со нас. Му посакуваме голем успех во идната менаџерска кариера“, додаде Леви.
Шервуд од 2008 година беше помошник на тренерот, а потоа во 2010 беше избран за технички координатор, а во 2012 за шеф на Отсекот за развој.
Шервуд на крајот на декември минатата година беше поставен за менаџер на местото на Андре Вилаш-Боаш, кој беше сменет поради лошите резултати.

Најнови вести