Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2013

Хјуз нов менаџер на Стоук

Фудбалскиот клуб Стоук го постави Марк Хјуз за нов менаџер, пренесуваат британските медиуми.

Хјуз, кој пред шест месеци е отпуштен од Квинс парк ренџерс, на клупата на Стоук ќе го замени Тони Пулис, кој минатата недела, по седум години, договорно ја раскина соработката со клубот.
Како што пренесе БиБиСи, Хјуз ќе потпише тригодишен договор и ќе биде претставен во текот на денешниот ден.
Хјуз тренерската кариера ја почна во 2004 година во Блекбурн со кого три последователни сезони беше меѓу десетте најдобри екипи во Премиер лигата. Четири години подоцна го презеде Манчестер сити, каде што остана 18 месеци, а отпуштен е во декември 2009 година, кога го замени Роберто Манчини.
Во сезоната 2010/11 го предводеше Фулам до осмото место во Премиер лигата,а во клубот од Лондон поднесе оставка во јуни 2011 година, а шест месеци подоцна го презеде Квинс парк ренџерс.
Во првите 12 натпревари во штотуку завршената сезона Квинс парк ренџерс не успеа да забележи победа, поради што Хјуз доби отказ, а на негово место е поставен Хари Реднап.
Стоук сезоната во Премиер лигата ја заврши на 13-тото место.

Најнови вести