Корисничко име Лозинка Пријави се
01.11.2017

Дини суспендиран на три натпревари

Трој Дини, напаѓачот на Ватфорд, нема да може да игра на наредните три натпревари бидејќи го удри во лице Џо Ален, играчот на Стоук, во натпреварот од Премиер лигата.

Фудбалскиот сојуз на Англија соопшти дека Дини ја признал вината за насилното однесување во саботата, при прекинот на натпреварот со Стоук, којшто Ватфорд го изгуби со 1-0.
Кога фудбалерите на Стоук ја исфрлија топката надвор од теренот поради играчот кој лежеше на теренот, Дини наместо да им ја врати топката на играчите на Стоук, се обиде да испрати удар во казнениот простор на гостите, каде што беше Ален.
Судирот меѓу Дини и Ален предизвика гужва меѓу играчите.
И Ватфорд и Стоук се обвинети поради тоа што не ги смириле своите играчи.

Најнови вести