Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2013

Чаби Алонсо претрпи оштетување на ушното тапанче

Во натпреварот од 17-тото коло на шпанската фудбалска лига Чаби Алонсо, играчот за врска на Реал Мадрид, претрпи оштетување на ушното тапанче во судирот со Жереми Матје, францускиот одбранбен играч на Валенсија.

Незгодата се случи по еден час игра, но Чаби Алонсо јуначки го одработи натпреварот до крај, пред да биде пренесен во болница на испитување. Таму е утврдено дека дошло до оштетување на левото тапанче, поради што 32-годишниот шпански репрезентативец не беше во можност веднаш да отпатува со Реал во Мадрид.
„На прегледот е утврдено дека на Алонсо му е пробиена ушната мембрана како последица на ударот што го прими во натпреварот со Валенсија“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Чаби Алонсо во Мадрид наместо со авион, се врати на четири тркала. Добра вест за тренерот Карло Анчелоти е фактот дека Реал е слободен до шести јануари следната година, односно нема да одигра ниту еден официјален натпревар. Дотогаш вредниот играч за врска, се претпоставува, би требало да закрепне за домашниот дуел против Селта.

Најнови вести