Корисничко име Лозинка Пријави се
09.1.2014

Чаби Алонсо останува во Реал до 2016 година

Шпанскиот репрезентативец стави крај на неизвесноста околу неговата иднина по потпишувањето на продолжение на договорот со Реал Мадрид.

Како што наведува „Марка“, триесет и тригодишниот фудбалер за врска и Реал се договориле и потпишале продолжение на соработката до 2016 година.
Во текот на минатото лето, а и во текот на актуелната сезона, се зборуваше дека Чаби Алонсо би можело да си замине од Реал. Јувентус, Манчестер јунајтед, Челзи и уште некои клубови се обидуваа да дојдат до него, но сè падна во вода вчера кога се дозна дека фудбалерот останува на „Сантијаго Бернабе“.
Чаби Алонсо во 2009 година дојде во Реал од Ливерпул, а моментно има проблеми со увото, поради што на кратко ќе отсуствува од теренот.

Најнови вести