Корисничко име Лозинка Пријави се
15.1.2014

Гутиерес до крајот на сезоната ќе игра за Норвич

Хонас Гутиерес, 30-годишниот фудбалер на Њукасл, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Норвич.

Гутиерес се врати кај неговиот поранешен тренер Крис Хјутон, а двајцата учествуваа во промоцијата на Њукасл од Шампионат лигата во 2010 година.
Крис Хјутон е воодушевен од доведувањето на Аргентинецот Гутиерес во своите редови, особено поради фактот дека може да ги игра речиси сите позиции на теренот.
„Тој е фудбалер кој ќе донесе искуство, а важно е и тоа што одигра речиси 200 натпревари за Њукасл, па нема да мора да помине низ период на прилагодување на англискиот фудбал, што е многу важно во јануари, кога играчот треба веднаш да се прилагоди на тимот и да излезе на терен“, изјави менаџерот на Норвич.

Најнови вести