Корисничко име Лозинка Пријави се
11.3.2017

„Канаринците“ останаа без тренер

Управата на англискиот Норвич одлучи да му се заблагодари за соработката на досегашниот стратег.

Фудбалскиот клуб Норвич денес го отпушти тренерот Алекс Нил по две години откако седна на клупата на тој клуб.
Норвич минатата сезона испадна од Премиер лигата, а моментно се наоѓа на осмото место на табелата на Шампионат лигата, односно има осум бодови помалку од местото кое води во плејофот.
Екипата на Норвич е без победа во последните пет натпревари.
Тимот во наредното коло од клупата ќе го предводи помошникот на Нил, Алан Ирвин.

Најнови вести