Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Норвич три месеци без првиот голман Ради

Џон Ради, 26-годишниот прв голман на Норвич, три месеци ќе отсуствува од фудбалскиот терен поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

„За жал, ми пукна бутниот мускул. Во сабота ќе ми биде извршена операција и нема да ме има три месеци“, напиша Ради на својот профил на „Твитер“.
Ради се повреди во саботното премиерлигашко реми против Евертон (1-1) и неговото отсуство ќе биде голем удар за Крис Хјутон, менаџерот на Норвич, бидејќи оваа сезона настапи во сите 13 досегашни лигашки средби.
Оваа сезона Ради дебитираше во дресот на англиската репрезентација одигрувајќи го второто полувреме на натпреварот против Италија во август (победа на Англија од 2-1).

Најнови вести