Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2012

На Хадлстон избришани црвениот картон и суспензијата

Црвениот картон на Том Хадлстон, играчот за врска на Тотенхем, кој го заработи пред крајот на натпреварот од англиската Премиер лига против Норвич (1-1) е избришан, а на фудбалерот му е укината суспензијата од три натпревари.

Фудбалскиот сојуз на Англија објави дека жалбата што ја упати Тотенхем била оправдана, односно дека Хадлстон неправедно е исклучен од страна на судијата Марк Халси поради својот старт на Џони Хоусон, играчот на Норвич.
„Суспензијата од три натпревари е избришана и веднаш стапува на сила“, стои, меѓу останатото, во соопштението на ФА во случајот на Хадлстон, што значи дека фудбалерот од средината на теренот ќе може да настапи за Тотенхем во следно коло, на натпреварот кој го игра против Ридинг.

Најнови вести