Корисничко име Лозинка Пријави се
27.7.2013

Најдобриот стрелец на Селтик потпиша за Норвич

Англискиот фудбалер Гери Хупер, најдобриот стрелец на шкотскиот првак Селтик во минатата сезона потпиша тригодишен договор со Норвич.

Дваесет и петгодишниот напаѓач минатата сезона во сите натпреварувања постигна вкупно 31 гол, а за клубот од Глазгов играше последните три години. Кога ќе заигра за Норвич по прв пат, зад себе ќе има настапи во сите шест лиги на англискиот фудбал. 
Иако потекнува од фудбалската школа на Тотенхем, никогаш не играл во Премиерлигата, а пред Селтик беше фудбалер на Грејс атлетик, Саутхенд јунајтед, Лејтон Ориент, Херефорд јунајтед и Сканторп јунајтед.
„Имаше многу шпекулации уште од јануари и среќен сум што конечно потпишав договор со Норвич. Давав голови во сите лиги во кои сум играл, а предизвикот во Премиер лигата е навистина возбудлив“, изјави Хупер.

Најнови вести