Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2012

Басонг потпиша за Норвич

Себастијан Басонг, 26-годишниот камерунски фудбалер роден во Франција, е нов играч на Норвич во чии редови доаѓа од Тотенхем , а не се знае висината на оштетата.

Басонг во редовите на Тотенхем стигна во 2009 година од Њукасл за оштета од околу 8 милиони фунти, но оттогаш имаше само осум премиерлигашки стартови.
„Со доаѓањето на Басонг добивме повеќе сила и ритам во одбраната и ја зголемивме компетитивноста во екипата“, рече Крис Хотон, менаџерот на Норвич, кој беше дел од тренерските лица на Њукасл во времето кога камерунскиот стопер играше за „чавките“.
Басонг кариерата ја почна во 2005 година во Мец, а освен за Њукасл и Тотенхем, кратко време ги бранеше боите и на Вулверхемптон. За камерунската репрезентација досега собра 15 настапи.

Најнови вести