Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2015

Тони Пулис нов тренер на Вест Бромич

Англискиот фудбалски клуб Вест Бромич албион вчера за нов тренер го именуваше Тони Пулис и тој е четврти тренер на тој премиерлигаш за малку повеќе од една година.

„На Вест Бромич му е мило што може да потврди дека вчера за нов тренер е именуван Тони Пулис“, објави Вест Бромич на својата интернет-страница.
Пулис потпиша две и пол годишен договор, а екипата ја презеде по вчерашниот натпревар на Вест Бромич против Вест хем.
Управата на Вест Бромич во понеделникот го отпушти тренерот Алан Ирвин, откако екипата во 20 кола оствари само четири победи и се наоѓа на 17-тото место на табелата, со еден бод повеќе од клубовите што се наоѓаат во зоната за испаѓање.


Најнови вести