Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2016

Насер Шадли го засили Вест Бромич албион

Вест Бромич албион во своите редови го доведе Насер Шадли од Тотенхем.

Белгискиот фудбалер денес ќе оди на лекарски прегледи и ако сè биде во ред, ќе потпише договор за Вест Бромич вреден 13 милиони фунти.
Ова економски гледано ќе биде одлична работа за Тотенхем, кој Шадли го доведе од Твенте за 6,5 милиони евра пред две години.
Насер Шадли ќе стане трето засилување на Вест Бромич ова лето, по Брендан Галовеј, левиот бек на Евертон, и Мет Филипс, крилниот играч на Квинс парк ренџерс.
Со овој трансфер Вест Бромич ќе го собори клупскиот рекорд во висината на оштетата, досегашниот рекорд го држи Саломон Рондон, кој пред една година беше платен на Зенит 12 милиони фунти.

Најнови вести