Корисничко име Лозинка Пријави се
02.4.2018

Пердју доби отказ во Вест Бромич албион

Англискиот менаџер Алан Пердју е отпуштен од Вест Бромич албион само по четири месеци откако дојде во клубот, пренесува Би-би-си.

Клубот од Бирмингам е закотвен на дното на табелата на англиската Премиер лига само со 20 освоени бода и осум последователни порази.
Пердју во Вест Бромич дојде на крајот на ноември минатата година на местото на Тони Пулис, но не успеа да ја закрепне екипата која заостанува со десет бода зад неговиот поранешен клуб Кристал палас, првиот тим кој се наоѓа над зоната за испаѓање.
Пердју целата тренерска кариера ја помина во Премиер лигата, а пред Вест Бромич ги водеше: Њукасл, Саутхемптон, Чарлтон, Вест хем и Ридинг.

Најнови вести