Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2015

Вест Бромич албион не го пушта Берахино

Вест Бромич албион го одби барањето за трансфер од напаѓачот Саидо Берахино.

Англискиот репрезентативец писмено се обратил до клубот и побарал да си оди од Бирмингам, но бил одбиен.
Берахино е голема желба на Тотенхем, но 22-годишниот голгетер ќе мора да остане на „Хоторнс“ барем до крајот на сезоната.
Тој минатата сезона постигна 20 погодоци на 45 натпревари, од кои 14 во Премиер лигата.
Се очекуваше Вест Бромич ова лето да го продаде, посебно откако дојдоа Саломон Рондон (клупски рекорд) и Рики Ламберт.
Вест Бромич албион освои само еден бод во првите три кола, па е последен на табелата.
Денес игра со Порт вејл во првото коло од Лига купот, а потоа гостува кај Стоук во сабота.

Најнови вести