Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2016

Пулис останува тренер на Вест Бромич

Тони Пулис, менаџерот на Вест Бромич албион, изјави дека ќе остане во клубот и покрај тоа што е разочаран што во летниот преоден рок не ги доведе фудбалерите што ги сакаше.

Премиерлигашкиот клуб ова лето за рекордна сума на клубот од 13 милиони фунти го доведе Насер Шадли од Тотенхем, но не успеа да го доведе Вилијам Карвалјо од Спортинг Лисабон.
Карвалјо, кој ова лето го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија, чинеше 20 милиони фунти, а британските медиуми шпекулираат дека Пулис е разочаран што клубот не сакал да плати толку пари за дваесет и четиригодишниот играч.
Пулис не ја предводеше екипата во пријателскиот натпревар против Делхи Динамос во саботата, поради што медиумите шпекулираа дека ќе го напушти клубот.
Премиерлигашките клубови во овогодишниот преоден рок потрошија рекордни 1,165 милијарди фунти, а Вест Бромич ги доведе: Шадли, Мет Филипс, Алан Ниом и на заем Брендан Галовеј и Хал Робинсон-Кану.
Џон Вилијамс, претседателот на Вест Бромич, во соопштението изјави дека Тони сакал петмина играчи и добил петмина.
„Нашиот тренер има строга селекција, посебно кај играчите коишто сака да ги доведе. Летниот преоден рок беше на исклучително тежок пазар“, изјави Вилијамс и додаде дека е разочаран од неуспешното доведување на еден квалитетен фудбалер од средината на теренот.
Пулис се обиде да го доведе и Игнасио Камачо, играчот од средината на теренот на Малага, но трансферот не се остварил од фудбалски причини. Медиумите наведоа дека Пулис го загрижило здравјето на дваесет и шестгодишниот играч.

Најнови вести