Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2014

Берахино блиску до „Енфилд роуд“

Саидо Берахино, напаѓачот на Вест Бромич албион, ќе биде прво засилување на Ливерпул во зимскиот преоден рок, пренесуваат медиумите од Островот.

Ливерпул, наводно, за трансферот на 21-годишниот Берахино, кого стручњаците го сметаат за еден од најталентираните англиски фудбалери, е подготвен да издвои 23,5 милиони фунти.
Брендан Роџерс цела есен се мачи со ефикасноста на тимот, кој постигна 26 голови на 19 натпревари. Марио Балотели не успеа да го надополни заминувањето на Луис Суарес, додека Даниел Стариџ поради повреда го пропушти поголемиот дел од сезоната.
Берахино, кој е роден во Бурунди, е најдобар стрелец на младата репрезентација на Англија, а оваа сезона за Вест Бромич постигна седум голови на натпреварите во Премиер лигата.
Покрај Ливерпул, за него се заинтересирани уште Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем.
Ливерпул оваа сезона игра под очекувањата и по синоќешната победа над Свонси од 4-1 е осми на табелата со 28 бодови од 19 натпревари.

Најнови вести