Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2017

Алан Пердју е нов тренер на Вест Бромич

Пердју на местото тренер на премиерлигашот Вест Бромич го замени Тони Пулис, кој беше отпуштен на 20-ти ноември, по серијата од десет натпревари без победа во Премиер лигата.

Англискиот фудбалски клуб Вест Бромич албион денес го именува Алан Пердју за нов тренер, со кого потпиша договор до летото 2020 година.
„Воодушевен сум поради шансата која ја добив да работам со група талентирани фудбалери. Прва цел е да го подобриме пласманот на првенствената табела“, изјави Пердју за клупската интернет-страница.
Тој на местото тренер на тој премиерлигаш го замени Тони Пулис, кој беше отпуштен на 20-ти ноември, по серијата од десет натпревари без победа во Премиер лигата.
Пердју беше без работа откако доби отказ од Кристал палас во декември минатата година.
Вест Бромич по 14 одиграни натпревари, се наоѓа на 16-тото место на табелата во Премиер лигата со 12 бода.

Најнови вести