Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2016

Палас го отпушти Пердју

Англискиот премиерлигаш Кристал палас соопшти дека го отпушти тренерот Алан Пердју.

„Алан работеше напорно и подобри многу работи во клубот. Му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера“, се наведува во соопштението на Кристал палас.
Клубот ќе се обиде што побрзо да најде нов тренер, со оглед на густиот распоред во претстојниот период.
Палас се наоѓа дури на 17-тото место по 17 одиграни кола во Премиер лигата.
Пердју го водеше тимот речиси две години. Палас за време на неговото водење на екипата има најмал процент бодови по натпревар во првите четири лиги на англискиот фудбал.

Најнови вести