Корисничко име Лозинка Пријави се
04.10.2017

Џилардино го одби Кристал палас, ќе игра во втората лига

Алберто Џилардино, поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија, кариерата ќе ја продолжи во второлигашот Специја, објави италијанскиот клуб.

Џилардино, кој своевремено беше еден од најталентираните напаѓачи на Апенинскиот Полуостров, цело лето беше без клуб по заминувањето од Пескара, беше на проба во канадскиот Монтреал, имаше и повик од Кристал палас да го замени повредениот Кристијан Бентеке, но на крајот го прифати повикот од Специја.
Искусниот 35-годишен фудбалер во новиот тим ќе го носи дресот со број десет.
Кариерата ја почна во Пјаченца, потоа играше за Верона и за Парма, од каде што за 25 милиони евра направи трансфер во Милан и беше дел од тимот кој ги освои Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
На „Сан Сиро“ не ги исполни големите очекувања, па подоцна настапуваше за: Фиорентина, Џенова, Болоња, Палермо, Емполи и Гвангжу Евергранд.
Со „аѕурите“ ја освои светската шампионска титула на Мундијалот во Германија 2006 година и во државниот дрес постигна вкупно 19 погодоци на 57 натпревари.

Најнови вести