Корисничко име Лозинка Пријави се
15.12.2015

Ловрен еден месец во „аут“

Фудбалерот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска, Дејан Ловрен, ги заврши лекарските прегледи по незгодната повреда со која се здоби на натпреварот против Вест Бромич албион, а вестите се многу повеќе од охрабрувачки.

Во неделниот првенствен дуел меѓу Ливерпул и ВБА (2-2), гостинскиот фудбалер Крег Гарднер невнимателно стартуваше и со крампон од копачките го исече колено на Хрватот.
Ловрен теренот го напушти на носилки десет минути пред крајот на натпреварот, а по вестите кои стигнаа од Ливерпул, докторите дури денес го скенирале со магнетната резонанса поради големиот оток на коленото.
Меѓутоа, Хрватскиот фудбалски сојуз објави дека лекарската служба на Ливерпул веднаш ја санирала раната на коленото, а магнетната резонанса денес покажала дека нема структурални повреди на лигаментите, па Ловрен ќе паузира околу еден месец и ќе го пропушти натпреварите во празничниот период во Англија.

Најнови вести