Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2014

Вест Бромич го отпушти Ирвин

Управата на Вест Бромич албион го отпушти Алан Ирвин, кој на местото тренер помина само седум месеци.

По поразот од Стоук со 2-0, кој беше седми во последните девет натпревари, Вест Бромич е дури 16-ти на табелата на Премиер лигата, со еден бод над опасната зона.
Како што пренесува Би-би-си, клубот веќе направил список на потенцијални замени, а меѓу имињата коишто се наоѓаат на самиот врв се Тим Шервуд, поранешниот менаџер на Тотенхем, како и Тони Пулис, некогашниот стратег на Стоук и на Кристал палас.

Најнови вести