Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2014

Историја во Сочи: Mазе и Гисин за првпат делат олимписко злато!

Петтиот ден на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, донесе одлични возбудувања. За првпат во историјата на алпското скијање, Словенката Тина Мазе и Швајцарката Доминик Гисин, трката во женскиот спуст, најатрактивната женска алпска дисциплина, ја завршија истовремено. Двете натпреварувачки патеката ја минаа за време од 1:41.57.

Бронзениот медал во оваа дисциплина го освои Швајцарката Лара Гут со време од 1:41.67, додека на четвртата и петтата позиција се пласираа Италијанката Даниела Маригети и Фабина Шутер, а Американката Манкузо заврши на осмото место.
Тина Мазе со освоеното злато влезе во историјата на својата земја бидејќи го донесе првиот златен медал во историјата на Словенија на Зимските олимписки игри, а овој медал, пак, е четврти за Словенците во Сочи. Тие досега имаат освоено еден сребрен и два бронзени медали.

Најнови вести