Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2014

Колароска 74-та на десет километри во Сочи

Македонската олимпијка Марија Колароска денес дебитираше на Зимските олимписки игри во Сочи со настапот на трката на десет километри во нордиско скијање на која заврши на претпоследното место.

Нашата шеснаесетгодишна претставничка го освои 74-тото место од вкупно 75 скијачи што ја завршија трката со време од 44:46 минути.
Зад Коларовска остана само српската репрезентативка Ивана Ковачевиќ, која беше единствена скијачка со време послабо од 45 минути. Денешната трка не ја заврши само претставничката од Доминиканската Република.
Златниот медал на оваа трка го освои Јустина Ковалчик со време од 28:17,8 минути, пред Швеѓанката Шарлот Кала и Норвежанката Терезеа Јог.

Најнови вести