Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2014

„Марка“: Конфузија и хаос во Барселона

Поразот на Барселона од Валјадолид предизвика бурни реакции во шпанските медиуми, а „Марка“ пишува дека во каталонскиот клуб е хаос.

„Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот на сезоната, кога се чинеше дека на клубот му цветаат рози. Тогаш, со доаѓањето на најголемиот талент на планетата Нејмар во клубот завладеа апсолутна самодоверба. Управата вети дека сите претходни долгови ќе ги врати... Само шест месеци подоцна, работите тргнаа надолу“, стои во авторскиот текст на „Марка“.
Како што се нагласува, каталонскиот клуб сега целосно е конфузен и неспособен да ги сфати причините коишто доведоа до кризата, а уште помалку начините со кои би се надминала.
Според мислењето на „Марка“, сè почнало со скандалот околу договорот кој е потпишан со Нејмар, а кој, како што се откри, чинел 95, а не 57 милиони евра, како што соопшти првично Барселона.
„Започна вистинско цунами. Претседателот Росел беше неспособен да го реши проблемот. И покрај фактот дека клубот упорно тврди дека е невин по прашањето на тој договор, факт е дека против него е покрената постапка поради затајување данок. Покрај тоа, Барселона плати 13 милиони евра за да ја намали можната казна“, пишува „Марка“.
Последниот пораз на Барселона предизвика лутина и кај останатите спортски весници, кои клубот главно го обвинуваат дека се предал во трката за шампионската титула на Шпанија.
Барселона во гости изгуби од Валјадолид со 1-0 и се наоѓа на второто место на табелата, со еден бод помалку зад Реал од Мадрид.

Најнови вести